Партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучуваат за следните чекори

ВМРО-ДПМНЕ е решена да оди чекор понатаму со блокирање на институциите за да ја постигне целта за одржување на предвремени парламентарни избори. Органите на оваа партија во текот на денот ќе одлучуваат за поригорозни чекори, освен за активната блокада на Собранието. Кои ќе бидат тие чекори, вели лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, ќе се дознае по партиското заседание.
Мицкоски нема да организира средба со лидерите на опозициските партии.
Премиерот, со истиот став како во минатото… Ковачевски ваквиот пристап го нарекува погрешен.
ВМРО-ДПМНЕ од 10 мај го блокира Собранието. Со бескрајни говори и амандмани планираат уште повеќе да ја продолжат блокадата. Власта, минатата недела успеа да го усвои само дневниот ред на последната пленарна седница.
Фатлуме Дервиши