ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот на малигни заболувања е зголемен за 3,6 процент

Ковидот завршува, но зад себе остави многу други болести.. За разлика од 2019 година кога имаше 3.900 нови случаи на рак, оваа година оваа бројка достигна над 5.500 пациенти заболени од видови на рак.

Advertisements

Министерот за здравство Беким Сали рече дека фокусот на лекарите ќе биде на пациентите со други болести, кои поради нередовни контроли за време на пандемијата, сега ги полнат  клиниките. По препорака на Комисијата за заразни болести, тој рече дека треба да се разгледа можноста за посебен третман на пост-ковид пациентите.

„Предупредив дека периодот по Ковид е многу значаен за сите граѓани и здравствениот систем. Комисијата ќе продолжи да работи, можеби не со исто темпо, но ќе планира како да се справи со пост-ковид ситуацијата. Дали тоа ќе биде установа каде што ќе се лекуваат сите пост-ковид компликации на пациентите или ќе бидат ангажирани повеќе клиники околу тие пациенти за да ги лекуваат“, изјави Беким Сали, министер за здравство

За рано откривање на карциномот многу е важна борбата против оваа болест, затоа најбрзиот радиолошки третман ќе се прави преку опремата на линеарниот акцелератор што денеска беше пуштен во употреба. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button