ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Беса: Коалицирање со македонските партии само по парламентарните избори

Движењето Беса нема да прави предизборна коалиција со ниту една македонска партија, а во албанскиот политички блок ќе соработува со која било партија што има намера да ја испрати ДУИ во опозиција. Секретарот на Беса, Аријанит Хоџа вели дека досегашното искуство покажало дека не е испочитуван предизборниот договор.

Advertisements

„Коалицирање со македонските партии само по парламентарните избори и тоа со партнерски договори за да се води државата во согласност со општествената реалност. БЕСА во текот на своето политичко дејствување покажа политичка предвидливост давајќи шанса за предизборни коалиции, но епилогот на таа коалиција заврши со тоа што не беа прочитани правилно целите на Движењето БЕСА, затоа во иднина нема да дозволиме визијата за Движењето БЕСА да се користи како спас на македонските партии, но ќе продолжиме да ја градиме визијата за иднината на оваа држава преку интеракција со целиот албански политички фактор што ќе донесе промени во албанскиот политички спектар, испраќајќи ја ДУИ во опозиција, изјави Арјанит Хоџа, генерален секретар на Движењето Беса

За македонската опозиција добредојден за соработка ќе биде секој албански или македонски субјект кој има за цел да ја урне, како што велат, инкриминираната власт СДСМ-ДУИ. Христијан Мицкоски вели дека ќе биде важно дали партијата што ја нуди соработката ги дели истите вредности.

И владејачките партии во неофицијални околности велат дека во случај да не се добие датум за разговори во јуни, земјата ќе оди на предвремени парламентарни избори и покрај тоа што досега тврдеа дека со воведувањето на Алтернатива во Владата, мандатот на Владата ќе трае до крај, односно до јули 2024 година. /Алсат.мк

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button