ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поделбата на социјалните станови во Гостивар предизвика револт

Солзи, револт, закани. Ваква беше атмосферата во Домот на културата во Гостивар по објавувањето на прелиминарниот список на лица кои се стекнале со право на користење социјални станови. Додека за едни, поделбата беше праведна и излегоа насмеани, за други поделбата на социјалните станови била неправедна.

Advertisements

Заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, побара од лицата кои не се на списокот да поднесат претставки.

„Сите лица кои нема да се најдат на списокот по донесувањето на одлуката имаат право на жалба на одлуката на комисијата. Постапката од страна на комисијата за заверување на документацијата е направена на многу професионален и транспарентен начин, така што и денес се потврдува дека прелиминарната листа на кандидати е многу јасно објавена“, рече Реџепи.

Право да аплицираат за користење на социјални станови имаа деца без родители, лица со ниски приходи, домаќинства погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост, припадници на ромската заедница, лица во социјален ризик според стратегијата за Роми и родители, како и самохрани родители со малолетници. Во Гостивар за 70 социјални станови се пријавија 170 кандидати. Списокот кој денеска беше објавен не е конечен. Тој може да се промени по проверките што ќе следуваат деновиве.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button