ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Состојбата на Мусадик Пајазити се влошува, испратен е во болница

Еден од осудените во случајот Дива Населба, Мусадик Пајазити, на 15-ти ден од штрајкот со глад е со влошена здравствената состојба. Неофицијални извори од истражниот затвор Шутка информираат дека пред неколку минути лекарска екипа го извадила Пајазити од затворот за да го однесе во една од болниците во главниот град. Останатите 4 осуденици се во стабилна здравствена состојба. Нивниот штрајк е поврзан со барањето да бидат сместени во КПД Идризово, каде што имаат право и на викенд надвор од затворот и на семејни посети.