ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

170 санкции за брзо возење

170 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (19.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 45 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button