ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Толај“, директорот избегна одговорност

Владините функционери меѓусебно се обвинуваат за злоупотребите на директорот на Ансамблот за песни и ора на Албанците Шкодран Толај. Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска рече дека нејзиниот кабинет нема овластување да презема мерки против директорот Толај и ја префрли топката на министерката за култура.

Advertisements

Но, ден претходно министерката за култура Бисера Костостадиновска Стојчевска изјави дека инспекциите против директорот Шкодран Толај биле направени во периодот на претходната министерка. Таа додаде дека од досега откриените злоупотреби од страна на директорот Шкодран Толај, нема основа да се постапи против него, бидејќи еднаш платил казна од 1.500 евра, а следниот пат постапил по забелешките. Според министерката за култура, може да се преземат мерки доколку продолжат злоупотребите на дотичниот директор.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, пред една недела побара институциите да преземат мерки против сите кои ја злоупотребиле функцијата. По увид во работата на Толај, инспекциските служби на Министерството за култура, констатирале  дека директорот на Ансамблот злоупотребил пари надвор од законската рамка, за билети и такси за патување во странство, плаќање камати и извршители поради ненавремено плаќање на потребните плаќања, гориво за лично возило и други неправилности. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button