ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русија ќе плати оштета за разорувањето на Украина

Во раните утрински часови воздушни сирени се слушнаа низ повеќе делови на Украина, вклучувајќи го главниот град Киев и јужниот регион Одеса. Русија ги засили напорите да ја преземе контролата врз регионот Донбас во источна Украина, тврдејќи дека победила во битката за фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Последните украински сили заробени во Азовстал се предадоа, соопшти руското Министерство за одбрана.

Advertisements

Разорните руски напади го оставија цел Мариупол под урнатини. Постои загриженост дека во овој град загинале околу 20.000 луѓе.За Русија беше важно да ја преземе контролата врз Мариупол, град со излез на Азовското Море, за да воспостави копнен коридор со Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија треба да биде принудена да плати за секоја уништена куќа, училиште, болница и бизнис. Тој ги повика партнерите на Украина да ги замрзнат руските пари и имотот под нивна јурисдикција, и да ги искористат парите за формирање фонд за обештетување на настраданите.

„Ги повикуваме земјите партнери да потпишат мултилатерален договор и да воспостават механизам преку кој секој што настрадал од акциите на Русија ќе може да добие компензација за сите загуби. Според таков договор руските средства и имоти треба да бидат конфискувани или замрзнати, а потоа да се насочат во посебен фонд за жртвите на руската агресија”, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари нареди, како што рече, „специјална воена операција“ за демилитаризација на Украина. Западот одговори со остри санкции против Русија, насочени кон економијата на државата и руските олигарси. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button