
Поскапувањето на струјата ќе биде една од темите на вечерашната емисија „Економски магазин“ на АЛСАТ, каде гостин е шефот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Според него, за жал немаме добра ситуација, бидејќи не се гледа светлина во тунелот. Состојбата со енергетската криза уште повеќе ја влошува војната во Украина, вели тој во емисијата на Алсат.
„Во моментов е многу тешко да се каже колкава ќе биде цената на струјата, од 1 јули или можеби од 1 август, бидејќи сè уште не сме добиле барања од сите компании… Цените на слободниот пазар се многу високи. И овој тренд продолжува и понатаму и според податоците што ги имаме и што ги гледаме од берзата е дека не се гледа светлина во тунелот“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. /Алсат.мк