ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Талат Џафери тврди – од него зависи распишувањето предвремени избори

Талат Џафери тврди – од него зависи распишувањето предвремени избори

Однесувањето на спикерот Талат Џафери беше во фокусот на денешната седница за пратенички прашања. Опозициските пратеници побараа премиерот Ковачевски веднаш да распише избори, бидејќи, како што велат, кризата во државата се зголемува после секое понижување од страна на неговите коалициски партнери.

Advertisements

„Ова што се случува не е нормално. Затоа што немате храброст да излезете како човек и кажете – осудувам кога некој ги пцуе вработените, осудувам кога некој ги заклучува вратите на Собранието како да сме кај него дома. Немате храброст, за тоа што знаете дека ако го направите тоа овие луѓе ќе излезат од Влада и вие ќе заминете во опозиција…“, изјави Бојан Стојановски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, наместо одговор од премиерот, реагираше самиот Џафери. Порача дека во негови раце е надлежноста за распишување избори.

„Имате соодветна парламентарна процедура, поднесете предлог за распуштање на Собранието, а претходно да си направите други постапки од Пржинскиот договор, па да си дојдете до распишување избори што е изричито надлежност на претседател на Собранието и на никој друг. Е, ова ве боли“, нагласи Талат Џафери – претседател на Собранието.
На седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа и до каде е тендерот за набавка на лекови за ретки болести.

„Да беше некој тендер од РЕК или некоја друга институција, каде што можеше да се земе аванс или да се украдат некои пари, сто пати ќе беше распишан“, рече Бојан Стојановски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата обвини и дека власта се обидува да направи паралелен увоз на лекови. На тоа премиерот одговори:

„Паралелниот увоз на лекови го беше вовел ВМРО-ДПМНЕ, којшто вие сега го критикувате, а Владата на СДСМ го укина. Така што треба да кажете – благодариме што го укинавте паралелниот увоз на лекови“, изјави Димитар Ковачевски – претседател на Владата.

Ковачевски увери дека за ретките болести ќе има навремена терапија. Инаку, по подолг период пратениците денеска одржаа седница во старата сала и воедно учеа да ракуваат со новата конференциска опрема, која Собранието ја набави за половина милион евра.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button