
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Б.Р. (51) од Скопје кој се сомничи дека претходно на улицата „Кемал Сејфула“ одзел предмет од патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(31) од Скопје.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, во соработка со Јавен обвинител, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.