
Носете природни ткаенини
Природните материјали, како памукот, го апсорбираат потењето подобро отколку синтетичките бидејќи им овозможуваат на потта и мирисите да испарат од материјалот.
Избегнувајте кромид и лук
Не само што ќе ви остават непријатен мирис во устата, туку таквата храна е одговорна и за засилениот мирис на телото. Исто така, треба да ги избегнувате и просториите во кои се готват кромид и лук бидејќи испарувањата при нивното готвење ќе ви се вовлечат во косата и облеката.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет е одличен природен дезодоранс, вели истакнатата американска лекарка Џорџијана Донадио. Се препорачува да го нанесете директно под пазувите за да ги „убиете“ непријатните телесни мириси.
Смалете го внесот на месо
Екстрактите на протеините и маслата од некоја храна и зачините се задржуваат во телесните излачувања долго по јадењето, што може да ги засили непријатните мириси, вели др. Елен Камхи, експерт за лековити билки.
Корисни добри бактерии
За природни дезодоранси кои се борат против непријатните мириси однатре, др. Камхи препорачува дневна доза ацидофил. Ацидофил е пробиотска бактерија која воедно помага и во системот за варење.