ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прегазен 70-годишник, ОЈО прибира докази, семејството бара очевидци

Прегазен 70-годишник, ОЈО прибира докази, семејството бара очевидци

Две недели по кобната сообраќајна несреќа кога на пешачки премин во Топанско Поле смртно беше прегазен 70 годишен човек, сè уште не е откриено кој бил сторителот. Од Јавното обвинителство велат дека обезбедуваат материјални докази за случајот со смртта на Ахмед Кокица, вклучително и снимки од безбедносните камери од местото на настанот кој се случил на 12 мај доцна вечерта.

Advertisements

„МВР на 16.05 испратило известување до ОЈО Скопје за настанот за кој сте заинтересирани. Надлежен јавен обвинител веднаш нареди да се обезбедат материјални докази заради утврдување на фактите во случајот, вклучително и обезбедување на видео-снимки од безбедносни камери на определеното место. Наредбите се спроведуваат“, изјаваат од  Јавно обвинителство

Засега постојат сомневања дека автомобилот што го удрил скопјанецот бил џип бидејќи повредите му биле нанесени во средишниот дел од телото, веројатно со брзина помеѓу 80-90 км/ч. Адвокатот на семејството Кокица вели дека надлежните институции треба што поскоро да го решат случајот, бидејќи несреќата се случила околу 22 часот и сигурно имало очевидци.

Роднините апелираат сите кои биле очевидци или преку камери виделе што се случило, да соработуваат со Обвинителството.

„Малку е потешко бидејќи го фрлиле на друго место, тоа е најлошо за семејството. Би ги замолил сите кои го виделе настанот доколку имаат чувства да дадат некаква информација за да помогнат во случајот. Нека се јави, нека се извини. Ако се јави уште некој ден можно е да му простиме како семејство, но после ако го фатат институциите или полицијата, не гарантираме ништо“, изјави Шемун Амети, роднина

Починатиот околу четири часа со тешки телесни повреди бил оставен во улицата Роналд Реган каде се смета дека сторителот или сторителите го фрлиле. Некои соседи го забележале и повикале полиција. Медицинските тестови не открија алкохол во крвта. Починатиот се враќал дома од работа. Судската обдукција сè уште не ги подготвила резултатите кои мора да бидат доставени до истражниот орган. Ахмед Кокица по 6 дена во кома починал во болница. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button