ЕКОНОМИЈА
Претседателката на ЕБОР во посета на Скопје

Претседателката на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо денеска првпат ќе престојува во посета на Скопје. Таа ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии за финансии Фатмир Бесими, претставници на банки од приватниот сектор и инвеститори.
Рено-Басо ќе учествува и на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе зборува за одржливиот раст и транзицијата на ниски вредности на јаглероден диоксид.
Таа ќе потпише нов кредитен договор со Стопанска банка под новата ЕБОР програма насловена „Одржливо поттикнување на МСП” во износ од четири милиони евра, кредитна линија која ќе ги поддржува малите и средни претпријатија (МСП).