ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Официјално не се знае причината за пожарот во поранешниот тетовски тутунски комбинат

Сопственикот на магацинот каде што избувна пожарот претходно вели дека причина за пожарот биле поплавите. Според него пожарот настанал, во моментот кога навлегла вода во електричните машини за стиропор, кои биле во функција. Тој вели дека причинетата штета се проценува на околу 12 милиони евра.

Advertisements

„Од дождот што наврна вчера, машините се наполниле со вода. Има многу штета, но ќе видиме треба да направиме пресметки Им благодарам на сите луѓе кои ни помогнаа, на градоначалникот, на Министерството, на Македонците и на Албанците, на сите“, вели Ертан Мемедалиу, сопственик на фабрика.

Службените истраги се уште не се започнати, велат од тетовското обвинителство. Се очекува целосно гаснење на пожарот за потоа да се истражат причините кои довеле до пожарот во поранешниот тутунски комбинат во Тетово. Пожарникарите велат дека остануваат да се исчистат само неколку мали пожари кои сѐ уште тлеат.

„Пожарот е локализиран и целосно изгаснат. Им благодарам на сите противпожарни бригади низ Македонија и на оние кои помогнаа во овој случај. Пожарникарите затруени од пожар и чадот се во добра состојба и немаме други повредени во моментов“, вели Авни Амети ТПЕ- Тетово.

Според градоначалникот на Тетово, Билал Касами, интензивно се работи за целосно расчистувањена теренот, со цел фабриката да се врати во функција.

„Ќе ја доекипираме противпожарната бригада за проценка и санирање на состојбата, по што ќе се исчистат сите евентуални пожари за конечно да започне санацијата на овој деловен простор. И покрај значителната штета на овој бизнис, тој помина без жртви во но со повредени пожарникари и доброволци“, изјави Касами.

Во гаснење на пожарот во поранешниот тутунски комбинат беа ангажирани пожарникари од Тетово, Гостивар, Скопје и Куманово. На помош пристигнале и претставници од Центарот за управување со кризи и припадници на македонската армија.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button