
Претседателката на косовскиот парламент, Вјоса Османи, ќе биде вршител на должноста претседател, затоа што тоа го предвидува косовскиот Устав во случај претседателот да ја напушти функцијата, пишува Коха.
Токму тоа се случи денес, кога Тачи на прес-конференција објави дека поднел оставка од функцијата претседател, наведувајќи дека обвинението на Специјализираното обвинителство во Хаг е потврдено против него.