ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изборот на уставни сдуии, утре на комисија за избори

Изборот на уставни сдуии, утре на комисија за избори

Изборот на уставните судии утре ќе продолжи на собраниската Комисија за избори и именувања. Седницата веќе е закажана, а следно што треба да го разгледуваат пратениците од матичната Комисија се биографиите на кандидатите. Пратениците предложиле девет имиња за идни уставни судии, а од нив ќе се изберат само тројца, иако актуелно недостигаат четворица уставни судии. Претседателката на собраниската Комисија за изботите и именувањата, Марија Георгиевска во емисијата „Економски магазин“ на Алсат рече дека очекува конструктивност од пратениците.

Advertisements

„Сѐ зависи како ќе течат дискусиите. Меѓутоа навистина од она што во самото предлагање на уставните судии и она што сето го изложија колегите членови и заменици – членови очекувам дека и така ќе се движи наредната седница и дека во една конструктивна дебата дека навистина ќе бидеме ефикасни со комисијата, за час поскоро тоа да отиде на пленум, за да може Уставниот суд навремено да биде пополнет“, рече Георгиевска.

Уставниот суд веќе половина година функционира само со пет судии. Со актуелниот број на судии може да се одржуваат седници, но за да се донесе каква било одлука треба да се согласат сите тие пет судии. Повеќе од 30 предмети чекаат на одлуување, бидејќи за нив треба да се ослучува со повеќе од шест гласа. На утрешната седница, нема да се прдложи наследник за Јован Јосифовски на кого му истече мандатот во јануари. Во ноември, истекува мандатот на судијата Вангелина Маркудова, што значи дека до крајот на годината повторно ќе треба да се избираат уставни судии.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button