Опозицијата бара итна седница за цените
Опозицијата бара итна седница за цените
ВМРО-ДПМНЕ бара итно усвојување на нејзините предлози со кои акцизите на нафтените деривати ќе се преполоват за 50 отсто, а ДДВ-то наместо на 18 отсто, да се намали на 5 отсто. Нивниот притисок доаѓа по истекот на рокот на владините мерки и цените повторно пораснаа.
Со поскапувањето на цените се ограбуваат граѓаните, велат од Алијансата за Албанците. Бараат Владата да ги прифати нивните предлози и препораки за ублажување на кризата која ги погодува граѓаните.
“Оваа влада итно треба да ги прифати предлозите на Алијанса објавени во јавноста од времето пред да се усвојат антикризните мерки, а тие мерки се намалување на ДДВ од 18 на 5%, намалување на акцизата за бензините од 22 денари на 15 денари и за дизелот од 15,5 денари на 9 денари како и намалување на трговската маржа од страна на малопродажните оператори по фиксна вредност од 3 денари“, изјави Халил Снопче, Алијанса за Албанците.
Предлозите на двете опозициски партии претходно беа отфрлени со мнозинство гласови од пратениците од мнозинството.
Фатлуме Дервиши