Пендаровски потпиша наредба за ангажман на Армијата во обезбедување на болниците

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, врз основа на член 18 , став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.
– Со оваа наредба, којашто стапува во сила веднаш, дел од ресурсите и од средствата на Армијата ќе се ангажираат како невооружени сили на извршување на задачи за поддршка на институциите на државата при справување со последиците од пандемијата на Ковид-19, соопшти кабинетот на Пендаровски.
Согласно наредбата на претседателот Пендаровски, Генералштабот на Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема.