МАКЕДОНИЈА

Барањето за одложување на изборите во Штип и Пласница неприфатливо за владејачките партии

СДСМ не прифаќа откажување на предвремените локални избори за градоначалници во Штип и Пласница. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за заштита на здравјето на граѓаните.

Advertisements

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ претходно оцени дека нема услови за одржување избори во овие две општини. Според нив, мандатот на вршителот на должноста градоначалник во овие две општини може да се продолжи со договор до редовните избори.

Алијансата за Албанците исто така побара одложување на овие избори за да не се загрози здравјето на граѓаните и да се издвојат буџетски средства за справување со големиот број на заразени. Изборите се закажани на 13 декември откако двајцата поранешни градоначалници презедоа други државни функции. Досега, СДСМ ја потврди кандидатурата на Сашко Николов во трката за градоначалник на Штип.

Во меѓувреме, од оваа партија не кажуваат дали ќе имаат кандидат за градоначалник во Пласница, или ќе го поддржат кандидатот на коалицискиот партнер. ДУИ го потврди името на Али Јахоски како кандидат за општина Пласница. Во трката за општина Штип е и независниот кандидат Трајче Митев. Неофицијално, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја потврди кандидатурата на Иван Јордановски, исто така за Штип. Јордановски исто така во моментов е и пратеник.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button