ЕК: Падот на економијата годинава ќе биде 4,9%

Економската криза во земјава ќе се продлабочува. Европската комисија ја коригираше стапката на пад на бруто домашниот производ во земјава – од пролетната прогноза која предвидуваше пад од -3,9 осто од БДП, сега падот на БДП за оваа година се проектира на -4,9 осто. Според извештајот се закрепнувањето на економијата ќе биде бавно и неизвесно.
„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“, вели Фрек Јанмаат- Раководител на Секторот за економски прашања на ЕУ.
Според Јанмат и покрај презмените владини мерки, домашната потрошувачка и натаму е пригушена.
“Зацврстувањето на домашната побарувачка го поттикнува трговскиот дефицит. Во 2020 година, тековната сметка значително ќе се влоши, но во 2021 – 2022 година оваа слика ќе се промени зашто се очекува домашната побарувачка во голема мера да го поттикне растот на увозот“, додава Јанмаат.
Според ЕК, стапката на невработеност во земјава ќе остане стабилна. Државниот долг најверојатно ќе надмине 50 отсо од БДП а се очекува да има дополнително зголемување следната година. Иако првично се планирала стабилизација на долгот следната година таа ќе биде одложена. За следната година се предвидува раст на БДП за 3,8 отсто додека за 2022 година 3,5 осто.
Андреа Чобанова