Продолжува Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД

Во Вашингтон продолжува Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД во кој досега се одржаа неколку сесии на кои беа отворени теми од интерес за соработка меѓу двете земји.
Во вториот дел од дијалогот ќе се одржат панелите за Владеење на право и Добро владеење, Трговија и инвестиции. Се очекува биде направен и пресек на билатералната соработка.
Стратешкиот дијалог почна вчера со воведни обраќања на шефовите на делегациите, министерот за надворешни работи Бујар Османи и државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Карен Донфрид.
Се одржаа панели за Регионалните иницијативи, Поврзувањето на граѓаните, Безбедноста и одбраната и за Енергетика и животна средина. Покрај министерот Османи, свои излагања имаа и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, соопшти МНР.