ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апсење во Битола, приведени три лица

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишија од слобода Е.А. (18), К.У.(20) и еден малолетник, сите од Битола кај кои е пронајдена дрога.

Advertisements

Претресот е извршен на улица „Кочо Рацин“ во Битола каде при преглед, кај нив биле пронајдени и одземени четири најлонски ќеси со марихуана, две дигитални ваги и други предмети.

Привдените беа задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од СВР-Битола. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button