Мицкоски: Со денешната акција СДСМ го оправда однесувањето на Џафери

Лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, реагираше во врска со седницата за дисциплинската постапка против претседателот на Собранието Талат Џафери, откако членовите од власта гласаа против дневниот ред.
Тој рече дека од денеска Етичкиот кодекс на пратениците не постои.
„Од денеска не постои Етичкиот кодекс на пратениците. Со денешната акција СДСМ го оправда однесувањето на Џафери кон собраниските функционери. Навреда на функционерите и затворање на вратата за пратениците од опозицијата е нешто што се случува во секоја институција и што секој граѓанин го доживува секој ден, со мобинг и омаловажување“, рече Мицкоски.
Потсетуваме, денеска заврши без да започне седницата за дисциплинската постапка против претседателот на Собранието Талат Џафери.
Опозицијата гласаше за дневниот ред, но беше надгласана од власта која гласаше против.
4 гласаа „за“, а 5 беа „против“ дневниот ред со единствена точка. Иницијативата беше на група пратеници од ВМРО за снимката на која се слуша како Џафери ги навредува службите на Собранието.