ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Официјален дел од самитот Отворен Балкан

Во Охрид денеска е официјалниот дел од самитот на иницијативата Отворен Балкан на кој учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија и Северна Македонија Еди Рама и Димитар Ковачевски, како и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија во својство на посматрачи. Синоќа беше одржана работна вечера на учесниците, а за денеска се предвидени официјални обраќања на самитот, додека видео-обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.

Advertisements

Иницијативата Отворен Балкан беше лансирана во октомври 2019 година под името Мал Шенген, на состанокот на лидерите на Албанија, Србија и Северна Македонија – Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев со цел воспоставување слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал меѓу трите земји. , по моделот на Шенген зоната во ЕУ. На крајот на јули 2021 година, на самитот во Скопје, иницијативата го смени името во Отворен Балкан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button