ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Абазовиќ: Не да се додворуваме, туку да се докажеме пред Брисел и Вашингтон

Пред Брисел и Вашингтон не треба да се додворуваме туку треба да се докажеме, порача премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ во своето денешно обраќање на иницијативата Отворен Балкан. Абазовиќ, чија земја сѐ уште не е формално членка на иницијативата Отворен Балкан, ги покани лидерите на сите шест земји од регионот да дојдат во Црна Гора и да седнат на преговарачка маса.
„Да дојдете во Црна Гора. Сите земји од Западниот Балкан. Сите лидери се повеќе од добредојдени. Очекувам во овој состав, сите шестмина, да поразговараме, оти тоа е патот и единствен начин да се докажеме пред своите граѓани и да се докажеме пред Брисел и пред Вашингтон. Не да се додворуваме, туку да објасниме дека и ние знаеме и можеме да работиме поинаку“, рече Абазовиќ.