ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените скокнаа преку ноќ, но намалувањето на маржата не оди така брзо

Маслото за јадење и тестените денеска на рафтовите се продаваат за пет до осум денари поевтино. Цените на останатите прехранбени производи како лебот, брашното, јајцата, млекото се намалени за еден до три денари. Трговците ги коригираа цените на рафтовите согласно одлуката за органичени трговски маржи на 5 и 10 проценти. Корекции на цените на основните прехранбени производи ќе се прават во следните неколку денови од страна на трговците велат од Владата.

Advertisements

„Цените на основните производи се намалени за 5 до 10%. Корекција на цените се прави од денес, а ќе продолжи и во претстојните денови. Најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10%, понатаму кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука“, наведоа од Владата.

Пазарните инспектори веќе се излезени на терен за да се утврди дали трговците почнале да ги ограничуваат маржите. Ќе се остави неколку дена простор сите да можат да ги прилагодат цените пред да почнат со изрекување на казни.

„Во текот на денешниот ден трговците ги менуваат цените и се усогласуват- некој веќе имаат завршено со одлуката која што излезе за ограничени маржи. Драстично намалување не можеме да очекуваме меѓутоа согласно одлуката прилагодени се максимум до 10 проценти во трговијата во мало и 5 проценти за трите производи маслото, шеќерот и брашното“, рече Анета Симеска Димоска- директорка на пазараен инспекторат.

Мерката за ограничени маржи ќе трае до крајот на септември со цел ублажување на ценовните шокови. Листата на производи ќе може да се проширува доколку се забележува драстичен скок на цените уверуваат од Владата.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button