Во септември МВР „фатило“ 1.506 нерегистрирани возила, а во октомври 2.290

Зголемените полициски контроли во последните два месеци открија голем број нерегистрирани возила во сообраќајот. Според Министерството за внатрешни работи, при сообраќајните контроли, полицајците откриле возила од сите категории кои немаат важечка регистрација не само од годинава, туку и од порано. Во текот на септември идентификувани се 1.506, додека во октомври 2.290 нерегистрирани возила.
Полицијата најавува уште построги контроли и зголемени казни. Во меѓувреме, се работи на кампањата за безбедност во сообраќајот во соработка со Републичкиот совет за безбедност.
Според Законот за прекршоци, казните за возачите кои возат нерегистрирани автомобили изнесуваат 250 евра во денарска противредност, а иста е казната за возачите кои управуваат неевидентирани возила во техничка контрола, односно возила што не ги исполнуваат оптималните услови за сообраќај.
Адријан Керими