ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна ветувањето за средување на проблемот со плажите во Струга и Охрид

Концесионирањето на плажите во Струга и Охрид и понатаму е на диво затоа што на актуелните концесионери им се истечени договорите за концесионирање и по неколку години. Од министерството за транспорт и врски за Алсат велат дека сè уште не биле отпочнати постапки за измена на Законот за градежно земјиште, ниту пак  за донесување на новиот Закон за плажи. Концесионерите се сомневаат дека ако им бидат одземени, плажите ќе бидат дадени на партиски кадри.

Advertisements

„…Денес секое решение кое доаѓа односно секој глас за да ни се одземат, нам ни кажуваат дека ќе ни ги земаат плажите. Ни велат дека треба да ги урнеме, ќе ви ги земем за да им ги дадеме на нашите партнери или ќе ги дадеме на партиските војници. Мене работата не ми изгледа ниту добро, ниту паметно…“

Од општина Струга велат дека наскоро ова прашање ќе биде решено.

„Во однос на ова прашање ние пред не повеќе од десет дена имавме состанок со заменик секретарот на Влада и градоначалникот на општина Охрид. И во тек е подготовка на нов закон, за плажи и концесија на плажи, со кој што мислиме дека целосно ќе се реши ова прашање.“

Но, од општина Охрид велат дека прв пат слушаат за вакво нешто.

„Ве известуваме дека досега општина Охрид нема информации дека се подготвувал, како што го нарекувате, Закон за плажи.“

Во Охрид на почетокот на летото имаше акција за отстранување на бесправно изградени објекти и друга урбана опрема на плажите, но таа прекина со завршувањето на парламентарните избори. Техничката Влада претходно донесе одлука концесионерите да ги вратат плажите во првобитна  состојба. Општина Струга ја обжали ваквата одлука во Уставниот суд, кој донесе решение во полза на општините и концесионерите. Поради тоа не беше урнат ниту еден објект на плажите во Струга.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button