МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти во Куманово

Приведен криумчар на мигранти во Куманово

На 18.06.2022 во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово.

Advertisements

При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија.

Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button