ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија го бетонира ветото за Македонија и „мафта“ со записи од таткото на Никола Димитров

По официјализирањето на ветото за преговарачката рамка за Скопје, Софија продолжува со строги пораки. Министерот за одбрана Красимир Каракачанов очекува бугарското вето, како што рече, да го ослободи Скопје од илузии и донесе дијалог со луѓе со заедничка историја и јазик. Инаку, за Бугарија нема проблем, рече Каракачанов. „Тие разговараа со Грција 28 години. Подготвени сме за толку долг разговор“. Тој ја отфрли теоријата дека Бугарија ќе попушти поради притисокот, додавајќи дека Северна Македонија е таа што бара членство во ЕУ, но не го спроведува договорот од 2017 година.

Advertisements

„Гледаме агресивно однесување на Македонија како кандидат за членство, со очигледни претензии кон Бугарија за малцинство, кражба на историјата, говор на омраза кон Бугарија и како да се замисли Скопје утре во ЕУ? Кој има корист од ова? Бугарија дефинитивно ќе изгуби ако има сосед како Македонија, која е членка на НАТО и ЕУ и има сличен тон и однесување.“

Различни службеници дури започнаа да „копаат“ по архивите. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев го обвини вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за употреба на неприфатлив и недипломатски јазик кон Бугарија кога рече дека Софија не ја прифаќа вистината за македонскиот народ. Ковачев за тоа му објави факсимил од записи на таткото на Димитров, поранешниот македонски министер за култура Димитар Димитров, во 1999 година.

„Да, најголемото зло за Македонците е што – беа Бугари, а што Европа, преку Грција и Србија, не им дозволи да продолжат да бидат. Да пркосат? Да се предадат? Од Груев до Мисирков, од Христо Узунов до Стојан Мишев, од Шарло и Ченто, до Колишевски и Глигоров, крвари драма, се черечи еден народ. Како да побегнеш од злото кои го претставува твоето сопствено битие, ти самиот? Ние, македонската нација, сума и актуелен чин на таа драма, немаме причина да се срамиме од себе, од дванаесетвековната етнобиографија под „номиналната ознака“ Бугари.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button