Радев: Билатералниот протокол со РСМ не дава доволна гаранција за нашите интереси

Немаше да го добиеме францускиот предлог, кој е најдобар досега, ако Бугарија лани не ставеше вето на два совета за проширување со јасен став и аргумент, изјавил денеска бугарскиот претседател, Румен Радев.
„Ставот што го споделив е веќе јасен и нашите европски партнери се свесни за ставот дека прашањето за почитување на граѓанските права не само што може да биде билатерално меѓу Бугарија и РСМ, туку да се издигне на ниво на ЕУ, додал Радев, пренесува БГНЕС.
„Прашањето за правата на македонските Бугари е веќе вклучено во преговарачката рамка. Бугарските политичари да не брзаат да прогласат историска победа, бидејќи промената на Уставот не е победа, туку чекор на патот кон интеграцијата“, нагласил Радев.
„Во моментов, предложениот билатерален протокол со PCM не дава доволна гаранција за заштита на нашите интереси како што се активности, механизми и рокови и критериуми. Ги повикувам одговорните институции да ги постават параметрите што недостасуваат во овој билатерален протокол, бидејќи ако не се ажурира, самата преговарачка рамка станува бесмислена“, порачал Радев.