Концентрациите на штетни честитки во воздухот над дозволеното

Магла и загаден воздух. Концентрациите на штетни честички во воздухот денеска се над дозволените граници. Воздухот близу железничката станица во Скопје е опасен. Ова го покажува мерната станица во Маџир маало која измери 172 ПМ10 и 92 микорграми ПМ2,5 честички во воздухот, што е за два, односно трипати над границата. Куманово, Тетово и Струмица и денеска загадени. Граѓаните од загадениот воздух спасот го гледаат надвор од градот.
Јас живеам на периферија. Тука се загадувам, се трујам, а дома се прочистувам. Во Радишани воздухот е чист и не е загадено.
„Од сабајле каква магла имаше, смог… – Преземаат ли доволно властите? – Не, ништо не преземаат. – Што треба да направат? – Треба. Тоа е нивна работа“
Колку е загаден, многу ли е според вас? – Претерано.
Министерството за животна средина во декември ќе го намали прагот на аерозагадување.
„Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2020 година, ќе се намали од 175 μg/m3 и истиот ќе изнесува 163 μg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.“
Под итни мерки за намалување на аерозагадувањето спаѓа јавниот превоз кој тогаш е бесплатен и се препорачува негово користење наместо автомобилите. Од работа се ослободуваат бремените, лицата постари од 60 година, како и хронично болните. Државниот инспекторат за екологија врши вонредни инспекции. Оваа сезона овие мерки не беа активирани. Последно тоа беше случај во јануари годинава кога воздухот неколку дена беше загаден во Скопје и Тетово.
Igor Stefanovski