ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН
Македонија, Србија и Албанија заедно против ковид-19

Македонија, Србија и Албанија денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање и соработка во борбата против ковид-19. Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој денеска со премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама ќе учествува преку видео врска на конференција на Малиот Шенген. Покрај Вучиќ, на состанокот ќе учествуваат и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар. „По овој повод, ќе биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија за соработка во борбата против ковид-19 и меѓудржавен договор меѓу Србија и Албанија за слободно движење на граѓаните со лични карти“, соопштија од кабинетот на Вучиќ.