Енергетски форум во Охрид, Балканот загрижен, Скопје мува не го лази

Додека власта постојано уверува дека граѓаните не треба да стравуваат за снабдувањето со струја и горива од есен, владите од регионот отворено најавуваат криза. Велат дека нè очекува најтешката и најнеизвесна зима во последните неколку децении, не само од економски, туку и од енергетски аспект. افضل موقع العاب اون لاين Во Охрид се одржува енергетски форум во период на превисоки глобални цени на горивата, недостиг на струја и војна во Украина.
„…Мислам дека она што нè очекува е тешка зима. Најоптимистичката прогноза е дека ќе биде една од најтешките во последните неколку децении. Она што е тука проблем и во ЕУ е што производството на електрична енергија доаѓа од природниот гас и тоа влијае на цените…“, рече Александар Николов-министер за енергетика на Бугарија.
„Оваа криза потекнува од инвазијата врз Украина, што доведе до високи цени не само на енергенсите, туку и на храната. Сета таа енергетска зависност што ја имаме, се должи на таа геополитичка игра и на тој начин се поткопуваат многу наши норми и вредности“, рече Јоргос Папандреу-поранешен грчки премиер и шеф на дипломатијата.
Но, нашиот министер за економија тврди дека граѓаните не треба да стравуваат. مراهنات كرة قدم
„Кажавме и претходната година дека рестрикции нема да има. 1xbet casino И оваа година нема да има, иако ќе биде секако тешка зима. Се прават сите подготовки од страна на ЕСМ за да го зголеми производството…“, рече Крешник Бектеши-министер за економија.
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика е уверен дека граѓаните ќе можат да си ги плаќаат покачените сметки за струја и оти во земјава и понатаму ќе има доволно гориво.
Мики Трајковски