ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Треба да си Ајнштајн – комплицирана пресметка на тарифите за струја

Новиот модел за индивидуална пресметка на сметките за струја отвори многу прашања и нејаснотии за граѓаните. Калкулаторот кој е на интернет страната на Регулаторната комисија за енергетика велат дека им е комплициран и тежок за користење. Оние граѓани кои го кажаа својот став пред камерата на Алсат велат, пресметувале дома или не, трошоците за струја од утре ќе ни бидат зголемени за 7,4 отсто.

Advertisements

„Начинот на пресметка е многу комплициран, јас сум интелектуалец, па не можам да го разберам, а камо ли обичниот граѓанин“…

„Никако не ми е јасно. Нема шанса, не знам. Кој треба да ми објасни, како треба да трошам и колку треба да трошам“, наведуваат граѓаните.

И професорка од Економскиот факултет Даниела Бојаџиева вели дека онака како што е поставен калкулаторот, не е јасен.

„Обичниот граѓанин не верувам дека така едноставно ќе се снајде. Некој што е така вешт со математика и математички вештини лесно ќе се снајде и за него нема да биде проблем да пресмета. Самите да тргнете да го расчепкувате моделот е малку комплициран…“, рече Бојаџиева.

Откако струјата доби нова цена, а Владата направи нов начин на пресметка на плаќањето, експертите додаваат дека сега останува да видиме дали државата ќе успее да ја обезбеди целата потребна струја за домаќинствата до крајот на годинава. Ако Државните електрани не можат да ја произведат, тогаш струја ќе треба да се купува од странските берзи каде се продава повеќе од пет пати поскапо во однос на цената по која се произведува дома.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button