ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Германија: Да не се пропушти шансата, Рама – прифатете го!

Германија: Да не се пропушти шансата, Рама – прифатете го!

Тирана, Берлин и Брисел порачаа Скопје да го прифати францускиот предлог. العاب على الهاتف المحمول Албанскиот премиер Еди Рама, на својот твитер профил, напиша дека ѝ се дава можност на Македонија за безусловен старт на преговорите за членство во Европската Унија, а исто и за Албанија.

Advertisements

„Последниот француски предлог, кој е и конечен ѝ дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете го! موقع رهانات “, напиша Еди Рама – премиер на Албанија.

Таулант Бала, пратеник од Социјалистичката партија, на чие чело е Еди Рама, денеска изјави дека веќе наредната недела се очекува да се одржи првата меѓувладина конференција. Тој се повика на информации од колеги европратеници.

„Има согласност меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за наредната недела да се одржи првата Меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската унија. Многу се надевам дека во наредните часови или денови, во врска со потребната согласност меѓу Бугарија и Северна Македонија, Северна Македонија ќе го искористи овој многу значаен момент што се однесува до првата меѓувладина конференција, бидејќи тоа е првиот церемонијален момент за започнување на преговорите“, изјави Таулант Бала – пратеник на Социјалистичка партија.

Експресно се огласи и шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок. Таа на твитер напиша дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија, а компромисот кој го нуди француското евро-претседателство за старт на преговорите е можност која не смее да се пропушти.

„Искористувањето на оваа можност е од огромен стратешки интерес за ЕУ и за Северна Македонија. Сега е време да тргнеме напред.“, напиша Аналена Бербок – министерка за надворешни работи на Германија. موقع بوكر

И претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел истакна дека предложеното решение за договор може да го отвори патот кон преговорите за членство.
ВИЗАРТ –
„Решението ги адресира изнесените забелешки. Поблиску сме од било кога: Сега е време да се каже да“, рече Шарл Мишел – претседател на Советот на ЕУ.

Претходно, францускиот претседател Макрон кажа дека предлогот го прифатиле и бугарскиот премиер и претседател, а високи дипломати од Брисел, како што пренесува МИА, брифирале дека станува збор за финален компромис кој го доставува Париз.

Доколку предлогот биде прифатен, тогаш според нашиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, стартот на преговорите е прашање на денови./Alsat.mk

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button