ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во земјава повеќе лица земаат пари од државата, отколку од приватни фирми

Во земјава повеќе лица земаат пари од државата, отколку од приватни фирми

Македонија оди кон банкрот. Ова го велат експертите во земјава, коментирајќи ги бројките кои говорат дека земјава има сè повеќе граѓани кои примаат пари од државата отколку што има граѓани кои ја полнат државната каса. Универзитетскиот професор Борче Давитковски оценува дека повеќе од една милијарда евра од државниот буџет одат за плати, пензии и социјална помош. Поради тоа, додава тој, потребни се итни реформи, бидејќи работната сила во реалниот сектор е многу мала во споредба со потребниот број.

Advertisements

Последните податоци од Заводот за статистика покажуваат дека во нашата земја има 609.520 активно вработени граѓани. Од нив околу 480.000 се лица кои работат во приватни фирми, а 132.000 во државната администрација.

Од државниот буџет се плаќа и за околу 340.000 пензионери и за околу 36.000 семејства кои примаат социјална помош.

Ако се повикаме на овие податоци и се подели бројот на работната сила во приватниот сектор, што придонесува за полнење на буџетот за плати на вработените во јавниот сектор, за пензии и за социјална помош, може да се види дека: Работната сила во приватниот сектор е 477.132 лица, кои работат за да бидат платени од државата околу 485.794 вработени. Овие податоци покажуваат дека кај нас има 8.362 повеќе лица кои се платени од државната каса од вработени кои работат во приватниот сектор и ја полнат државната каса. Ваквата состојба, според професорот Давитковски, бара итни реформи.

Професорот Давитковски вели дека загрижува и фактот што образованите млади луѓе ја напуштаат земјава, заминуваат во странство и не се враќаат. Во исто време, стапката на смртност и понатаму е повисока од наталитетот.

609.520 активно вработени

132.088 во 1.346 јавни институции,

477.132 вработени во приватни бизниси

 

338.359 пензионери

36.496 семејства со социјална помош

 

477.132 вработени во приватниот сектор

485.794 вработени во државни институции

Уште 8.362 вработени во администрацијата/Alsat.mk

 

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button