ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Рама: Голема грешка ако Северна Македонија не го прифати предлогот на Макрон

Во интервју за телевизијата „Канал 5“, албанскиот премиер, Еди Рама апелираше до лидерите во земјава да го прифатат францускиот рпедлог, кој, како што оценува Рама, го отвора патот за преговарачкиот процес за Тирана и Скопје.

Advertisements

-Видете, јас ја следев целосно тешката работа која беше направена, особено во Мадрид за да се задоволат грижите на македонската страна и можам да ви кажам дека Претседателот Макрон ја стави цела своја тежина во 48 часа, дење – ноќе и благодарение на мојата добра врска со него, но и благодарение на Бујар Османи, кој беше неверојатен во неговото трпение, издржливост, и тврдоглавост, новиот предлог кој е финален, морате да разберете дека е финален излезе и јас силно верувам дека тоа е вистинскиот момент и е апсолутно во ред да се прифати и да се отвори оваа врата, вели Рама.

„Не влегов во конфликтниот брак, ако можам така да го наречам, но начинот на кој Бугарите го третираа беше срамен. Но, во исто време можам да ви кажам дека Бугарија е членка на ЕУ, ЕУ има начин да ги адресира работите кои се претворија во еден вид заложници на земји за интерес на една земја или на друг, а исто така и духот на експанзија е донекаде искривен. Значи ова е целата ситуација. Уште еднаш, никогаш не би се осмелил да излезам јавно и да го кажам тоа што му го кажав на Димитар Ковачевски. Јас бев тој што му кажа претходно дека ова е пат кој не води никаде за време на дискусијата што ја имавме на враќање од Брисел и му реков дека сега е во ред“.

„Албанија сега ја помина точката каде што може да оди сама и секако дека ќе бараме да одиме одделно ако Северна Македонија не го прифати, но велам да го прифати бидејќи нема да има друг предлог, тој е конечен, не мора да се стои пред таа врата уште 17 години. Таа врата мора да се отвори и на некој начин ќе се разговара за се, за секоја точка ќе се дебатира, за секое прашање ќе се одговори во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, затоа отворете ја оваа врата, отворете ја сега“, подвлече Рама.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button