МАКЕДОНИЈА

Од утре до недела дожд и опаѓање на температурите

Утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен, најавуваат од УХМР.

Advertisements

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд, над 35 литри на метар квадратен, град и силен ветер од над 60 километри на час на час. Температурата ќе биде во опаѓање.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат и дека од недела следува стабилно и потопло време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button