МАКЕДОНИЈА

Се спрема нов Кривичен законик

Од денеска започнува јавна расправа за целосно нов текст на Кривичниот законик. Според информациите, голем дел од измените се однесуваат на кривичните дела кои се однесуваат на економски криминал, перење пари, како и хармонизација со меѓународните стандарди за кривичните дела поврзани со тероризмот.

Advertisements

Со текстот се очекува нападите на новинари и медицински персонал да се третираат како напад на службено лице, а се редефинираат и делата за тортура. Министерот за правда, не очекува новиот Кривичен законик да биде предмет на опструкции во Собранието, каде се очекува да се најде кон крајот на годинава. Тупанчевски додаде дека има големи измени и во казнената политика.

„Реагиравме концепциски, затоа што се судиравме со многу апсурдни, дури и комични ситуации – за некои лесни кривични дела да има тешки казни предвидени во законот и обратно, за некои тешки кривични дела казните да бидат поблаги. Во таа насока беше комплетно ревидиран системот на пропишување на санкции, односно казнената политика“, рече Тупанчевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button