ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Австриски новинар објави нон-пејпер што потпишала Бугарија, но потоа се премислила

Бугарија останува категорична дека ќе ја блокира С. Македонија да започне преговори со ЕУ, доколку не признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени. Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, на заедничката видео-конференција денеска со министерот за надворешни работи Бујар Османи и нејзиниот германски колега по состанокот на министрите од Берлинскиот процес за Западен Балкан, рече дека Бугарија е подготвена да го сноси товарот на блокирањето, но одговорноста ќе паднела и врз политичарите во Скопје.

Advertisements

„Нашиот став не се менува со години и ме изненадува што ова ви изгледа како нешто ново… Морам да нагласам дека нема многу кои го поддржуваат проширувањето, особено за балканските земји. И мислам дека Скопје не треба да ја испушти оваа можност.“

И покрај цврстите ставови на Захариева, министерот Османи зборуваше за спроведувањето на Договорот со Бугарија.

„Да продолжиме да го почитуваме Договорот и инструментите на Договорот кои јасно предвидуваат дека историјата ќе им биде оставена на историчарите, на академиците и тие ќе продолжат да наоѓаат заеднички јазик што ќе нè обедини, што потоа ќе обезбеди заедничка иднина за сите граѓани во регионот.“

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас рече дека ќе вложат напори до последен момент да има договор меѓу двата соседа.

„Ова е предуслов за одржување на Меѓувладината конференција и ние ќе продолжиме да работиме во согласност со барањата на двете страни.“

Од друга страна, австрискиот новинар Кристијан Фердинанд објави нон-пејпер што бил потпишан на состанокот во Берлин меѓу министрите Османи, Димитров и Захариева. Во документот се наведува дека Бугарија прифатила да ја одобри рамката за преговори за Македонија и ќе се согласи да се одржи првата меѓувладина конференција во декември. Во исто време, Македонија требало официјално ќе објави пред земјите-членки на унијата и пред европските институции дека краткото име Северна Македонија се однесува само на Република Северна Македонија. Во нон-пејперот се вели и дека во Берлин бил постигнат договор Бугарија да го задржи правото да даде унилатералната декларација што ќе биде анекс на рамката за преговори, каде би пишувало дека под македонски јазик таа го подразбира јазикот кој е во рамките на државава. Скопје пак, требало да објави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button