МАКЕДОНИЈА

Идниот викенд Галичка свадба, Пивара Скопје, 48 години поддржувач

По 48-ми пат, следниот викенд или од 15-ти до 17-ти јули ќе се одржи традиционалната Галичка свадба. Годинешните младинци Елена Дураковска и Илчо Димитров се многу возбудени а воедно велат дека им е голема чест што тие ќе бидат дел од оваа манифестација. „Пивара Скопје“ и нејзините брендови и оваа година се дел од Галичка свадба, со што продолжува нивното партнерството кое трае 48 години.

Advertisements

„Во процесот на правење на Скопско, како и во Галичката свадба постои една пасија, страст љубов и знаење и верувам дека тоа ќе биде клучот зашто таа врска ќе се негува и ќе постои и во иднина“, рече Марта Завкова, Пивара Скопје.

„Последниве 10 години се облекувам во носија и сум активен учесник во истата, така што ќе немам никаков проблем околу адетите, носијата и сум премногу горд и среќен што годинава со Елена сме зет и невеста за Галичката свадба“, изјави Илчо Димитров, Зетот.

„Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам“, кажа невестата, Елена Дураковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button