Во кумановскиот суд поплаки за однесувањето на претседателката
Во кумановскиот суд поплаки за однесувањето на претседателката

Вработени во Судот во Куманово бараат Судскиот совет да преземе мерки против в.д. претседателката на судот Снежана Манева. Допис до кој дојде телевизија Алсат од 16 јуни е испратен на адреса на Судскиот совет. Во него се потенцираат причините поради кои, како што тврдат службениците, Манева не треба да биде избрана за претседателка на судот.
„Нејзиното здравје е несоодветно за работа како последица на сообраќајна незгода и мозочниот удар констатиран од лекар специјалист. Гестовите ја прават непожелна за уште еден мандат, фрустрирана е, со омаловажувачки однос кон службениците, презема понижувачки мерки против колективот и администрацијата, создава етнички и верски поделби и омраза. Сето ова влијае на намалување на волјата на службениците“, се вели на дописот на службеници во Судот до Судскиот совет.
Запрашани за овој документ, од Основниот суд Куманово рекоа дека не биле известени. Манева во писмениот став ги отфрла како невистинити обвинувањата на службениците, додавајќи дека поплаките на службениците се во надлежност на судскиот администратор. Во конкретниот случај, институцијата која ја посочува Манева не е надлежна да се справува со објективните причини за незадоволството на службениците.
„Не сум известена од Судскиот совет за анонимната забелешка за незадоволство на судските службеници. Кога ќе бидам известена, ќе одговорам. Со сиот мој интегритет можам да ви кажам дека мојот пристап кон судските службеници и во доменот на моите надлежности е професионален, објективен, морален и ефикасен.“, изјавија од Основен суд Куманово.
Го контактиравме и Судскиот совет за да побараме отчет во име на судските службеници, дали нивните барања се земени или ќе се земат предвид. Од органот за надзор на работата на судовите добивме одговор дека сè уште не е формирана работна група, барајќи од службениците за нивните поплаки да се обратат до советот. Соодветно, Судскиот совет одговарајќи на жалбениот допис бара од службениците во Судот Куманово своите претставки да ги упатат до советот.
„Судскиот совет не е должен да одговара на анонимни писма, но со оглед на квалификациите нагласени во дописот, ќе оцениме дали е потребно да се формира работна група која ќе го посети судот или тоа ќе го направи координаторот на Судскиот совет ангажиран за Основниот суд Куманово. Ние како институција немаме информации за состојбата за која зборувате. Доколку има такви незадоволства, предлагаме да се обратат до Судскиот совет“, додадоа од Судски совет.
Алсат не успеа да го обезбеди извештајот на специјалистот кој зборува за здравствената состојба на Манева, но од извори во органите на кривичното обвинителство го обезбедивме овој документ: „Пријава против лицето Мумин Дураку, жител на Куманово, обвинет дека во февруари 11. 2021 година, ја удрил со автомобил на пешачки премин граѓанката Снежана Манева. Јавното обвинителство во Куманово констатира дека Дураку со своите дејствија сторил „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, предмет бр.379/21 од 28 јануари 2022 година./Alsat.mk
Адријан Керими