Во некои училишта во тек е реновирање на инфраструктурата
Во некои училишта во тек е реновирање на инфраструктурата

Дел од основните училишта во земјава летниот распуст го користат за реконструкција на објектите. Додека Алсат престојуваше во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Општина Бутел, мајсторите почнаа со реконструкција на наставничката канцеларија, а во ходникот се фрлаа книги кои со години биле вон употреба.
„Првично презедовме активност за расчистување на книгите кои не се користат, на кои им истекол рокот. Работиме и во наставничката канцеларија. Имаме и донатор кој ќе ни обезбеди нова библиотека, ќе донесе книги. Од следното лето ќе имаме и отворена библиотека која децата ќе можат да ја посетуваат дури и за време на летниот распуст, каде ќе можат да дојдат и да читаат без ограничување на часовите“, изјави Мевлиде Елези Криезиу, директорка на ОУ „Петар Здравковски Пенко“.
Некои ученици работеа заедно со мајсторите. Не физичка работа. туку ги украсуваа ѕидовите. مواقع لربح المال
„Заедно со нашите школски другарчиња, покрај блокот каде што цртаме, добивме можност да го изразиме својот талент на училишните ѕидови. Ова е половина лице, птица во природа, неколку убави лисја“, рече една ученичка. كازينو دوت كوم
Во основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир ќе се работи на реконструкција на спортската сала, тоалетите и на 12 училници.
„Се планира реновирање на 12 училници, 12 подови и нивно поставување со линолеум. Исто така, вториот проект е донација. Се обврзаа да ги реновираат сите училишни тоалети и да изградат тоалет за децата со посебни потреби. لربح المال Но, во план имаме и нешто друго, во почетна фаза е и спортската сала која ќе ја финансира Министерството за образование, а која исто така ќе се реновира“, изјави Есма Фазлија, директорка на ОУ „Хасан Приштина“.
Според челниците на овие училишта, се очекува градежните работи да завршат пред почетокот на новата учебна година. Работите се одвиваат преку проекти, донации од родители и приватни компании, како и со помош на општините.
Мелихате Рустеми