ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Продолжува потрагата по третиот Македонец на Халкидики

Продолжува и денеска спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

Вчерашната акција, во вода, од воздух и на копно, на грчката крајбрежна служба, на военото воздухопловство, на спасувачки тимови и волонтери во Посиди, не донесе резулата во обидите да се пронајде 28-годишниот.

Од грчката крајбрежна служба, доцна синоќа соопштија дека потрагата „ќе продолжи со разденувањето“, а за било каква разврска ќе информираат со ново соопштение. لعبة قمار بوكر

Во однос на пронаоѓањето на 30-годишниот Иван, од крајбрежната служба објаснуваат дека бил лоциран вчера во утринските часови од хеликоптер на военото воздухопловство, во морската област околу 15 наутички милји западно од Посеиди.

Првично бил преземен од танкер, а потоа префрлен на патролен чамец на крајбрежната служба и пренесен на пристаништето во Неа Скиони. طريقة لعبة بينجو

Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак вчера, беше пронајден и 30-годишниот Иван. كيفية لعبة روليت

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button