Две момчиња завршија во болница, автомобилот им го удрил воз
Две момчиња завршија во болница, автомобилот им го удрил воз

Со скршено срце го гледа автомобилот на синовите додека го тргаат од јазот. За среќа, двете момчиња кои биле во него кога локомотивата ги удрила, завршиле само со повреди. Овој жител на кумановското село Романовце вели дека често се случуваат вакви настани.
“По еден час само слушнав свирење и удар. Веднаш помислив дека нешто се случило. Кога излегов ги видов моите синови. Не можеа да излезат. Ова не е прв пат. Дете од брат ми загина тука и на многу други не можам да ги избројам”, рече еден жител на село Романовце.
Двајцата браќа, од кои едниот дошол на одмор од странство, биле удрени пред нивната куќа. Жителите сами ги извадиле од автомобилот и ги однеле во болница. Низ селските патишта пругата се вкрстува три пати. Секоја година, велат жителите, има по некоја жртва. مال مجاني
„Во моето семејство имаше 4-5 случаи. رهان اون لاين Пред 3 години и син ми го удри таму, исто и тригодишниот син на брат ми го удри. Дали има полошо од тоа. На комшиите од другата улицата им прегазија двајца нивни“, рече еден друг жител на село Романовце.
„Правиме петиција за да се постави рампа. Такво барање сме упатувале многу пати низ годините. Градоначалникот рече дека чека одговор, но пред 6 месеци загина еден тука, се превртеа вагони“, изјави Жител на село Романовце.
На местото на настанот дојдоа и претставници на железницата, а жителите им замерија дека пругата не се одржува и нема соодветна сигнализација.
„Сами чистевме таму со булдожер, косевме околу пругата, ги кастревме дрвата, чистиме за возот да се гледа од далеку. Ги исековме и овие дрва, иако тоа не е наша должност“, додаде еден жител на село Романовце.
Месната заедница за утре најавува протести и блокади на селскиот пат и на оваа меѓународна пруга Белград – Скопје – Солун. Велат дека честопати барале да се постави рампа бидејќи не може да се види кога доаѓа воз.
„Со години бараме од надлежните органи да го средат ова и да постават соодветна сигнализација и рампи кои ќе го штитат и обезбедуваат поминувањето на возот, но сè уште немаме одговор. Сега е активна и петицијата со неколку точки каде повторно бараме да се исполнат нашите барања. Мора да се стави рампа“, изјави Таџедин Есати, претседател на МЗ Романовце.
Од Јавното претпријатие „МЖ инфраструктура“ ги обвинуваат возачите кои, според нив, ја игнорираат сигнализацијата и како резултат на тоа се случуваат несреќи. Во последните две години низ државата се регистрирани над 45 железнички несреќи, од кои 6 со смртни последици. الرهان على سباق الخيل /Alsat.mk
Аднан Ќаили