МАКЕДОНИЈА

Починат маж пронајден кај неготинската депонија

Во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години, информираа денеска од СВР Велес.

Advertisements

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по  наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. Бил извршен увид на лице место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button