ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заврши протестот против францускиот предлог

По деветти пат под мотото „Ултиматум, не благодарам“ граѓаните денеска пред Собранието го изразија револтот против францускиот предлог.

Advertisements

Протестот започна пред Владата, продолжи кон Министерството за надворешни работи каде учесниците побараа оставка од министерот Бујар Османи. На улицата пред зградата на МНР  тие испишаа графити „Македонија не е на продажба“, а потоа се упатија кон Собранието.

Меѓу граѓаните беа и членови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои јавно ги поддржуваат протестите.

Протестот продолжува и утре во 19 часот пред Влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button