ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ: Мора да се зачуваат работничките права пропишани и загарантирани во Законот за работни односи

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во пресрет на денешната седница на Уставниот суд, на која, како што е најавено, ќе се одлучува за „60 работни часови од Законот за номинирање стратешки партнер“, потсетува дека мора да се зачуваат работниците и работничките права пропишани и загарантирани во Законот за работни односи и Колективните договори утврдени преку социјален дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите.

Advertisements

Уставните судии, како што е најавено, на денешната седница ќе треба да одлучуваат по поведената постапка за оценување на уставноста на член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 (делница на автопатот Прилеп – Битола), во која се оспорува одредба од членот 12 во кој меѓу другото е опфатено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Подносители на иницијативата се ССМ и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) кои уште на 28.12.2021 година, односно веднаш по договорот, ја поднесоа до Уставниот суд оваа иницијатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button